Мате Римац им понуди невидена глетка на жителите на Дубровник – со хеликотпер ги пренесуваше своите автомобили над нивните глави

- Advertisement -

Утрово дубровчани може да посведочат на новата атракција. Имено, од Rimac Automobili со хеликоптер на тврдината Ловријенац спуштија два автомобили. Хеликоптерот двете возила ги пренесе прво над Локрум, за на крај да ги спушти на Ловријенац. Еден од автомобилите е неодамна претставената Nevera (поранешен С_Two). Вториот автомобил е и јасен знак во кој правец работат Rimac Automobili во иднина – станува збор за автомобилот Bugatti Chiron.

Како што дознаваат локалните весници, Римац на тврдината Ловрјенац постави три возила и од градот побарал паркинг на кој може да ги смести репортажните возила и останатата опрема која сака да ја користи за пренос во живо вечерва и најавата на својот иден проект.

- Advertisement -

Мате Римац денешниот ден го нарече голем ден за Rimac Automobili, иако спуштањето на Chiron на Ловријенац може да значи само едно – дека веројатно станува збор за ново партнерство.

За тој бизнис веќе пишувавме, но од Rimac Automobili веќе немаше никакви коментари. И во Volkswagen, кој моментално е сопственик на Bugatti, беа многу внимателни со информациите за продажбата на Bugatti на Римац. Имено, според гласините кои кружат подолго време, Porsche би го презел Bugatti, а потоа голем дел од акциите би му дал на Римац во замена за сопственички удел во Rimac Automobili. Германското списание Manager Magazin споемнуваше сличен договор, според кој Rimac Automobili би добиле 55% од Bugatti, a Porsche 45%.

- Advertisement -

Сепак, сите детали ќе ги дознаеме вечерва во 20 часот, кога почнува преносот во живо од Дубровник.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -