Кинеските астронаути ја направија првата вселенска прошетка на станицата Tiangong

- Advertisement -

Кинеските астронаути кои пред две недели стигнаа на вселенската станица Tiangong вчера беа на својата прва вселенска прошетка. Астронаутите Лиу Боминг и Танг Хонгбо ги видовме како ја напуштаат станицата во своите вселенски костуми за повеќечасовна мисија во која инсталираа опрема на надворшениот дел од станицата и вршат истражувања.

Тоа е втората вселенска прошетка после 2008 година, кога еден кинески астронаут излезе од всленското летало Shenzhou 7. Таа мисија траеше околу 20 минути. Кинеските инженери сега развија нов вселенски костим кој тежи околу 100 кг и треба да биде поудобен и да овозможи подолги мисии во вселената.

- Advertisement -

Тројцата кинески астронаути, предводени од Нио Хаишенго, стигнаа до кинеската вселенска станива пред две недели во првата кинеска вселенска мисија со човечки екипаж во последните пет години. Таму треба да поминат три месеци, а се очекува да тестираат клучни функции и да вршат научни експерименти.

Вселенската станица треба да биде довршена во 2022 година.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -