Усвоена првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

- Advertisement -

Првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија беше промовирана и усвоена денеска. Таа има за цел да обезбеди поддршка и натамошен развој на финансиската едукација и инклузија, но и креирање соодветни едукативни програми, кои ќе ги намалат постојните финансиски јазови кај одделните групи на население.

Стратегијата е изготвена во рамки на регионален проект поддржан од Министерството за финансии на Холандија и Меѓународната мрежа за финансиски едукација при ОЕЦД.

- Advertisement -

Изработена е од Координативно тело на финансиски регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија под водство на тимот од Народната банка. Во финалната фаза на консултација беа вклучени и приватните финансиски институции како и граѓанските здруженија кои се занимаваат со оваа проблематика.

Оваа Стратегија треба да придонесе за зајакната координација и соработка меѓу финансиските регулатори, приватниот финансиски сектор и невладиниот сектор, како и систематски пристап на сите вклучени субјекти заради зајакнување на финансиската писменост на населението, подобрување на степенот на финансиска инклузија, при истовремено обезбедување соодветна заштита на потрошувачите.

- Advertisement -

На денешната промоција на Стратегијата, Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија, посочи дека целта е да креираат соодветни едукативни програми, кои ќе ги намалат постојните јазови кај одделните групи население.

-Поголемата финансиска писменост создава подобри преудслови за поголем пристап и користење на финансиските услуги, но наметнува и потреба од поголема заштита на граѓаните од прекумерна изложеност на ризик. Оттаму во следниот период посебно внимание ќе се посвети на активностите во однос на обезбедување соодветна заштита на потрошувачите, рече гувернерката.

- Advertisement -

Според неа, самата финансиска едукација е процес во кој што секоја индивидуа го гради својот капацитет за подобро разбирање на финансиските капацитети и производи, развивање на вештините за носење на добро информирани финансиски одлуки, но и зголемување на свесноста за ризиците и можностите.

-Процесот на финансиска едукација не може да се одвива стихијно. Тој бара информации, насоки, совети но, пред се, систематизиран пристап. Затоа, потребен е координиран пристап на национално ниво, односно стратегиска рамка која го препознава значењето на едукацијата, овозможува инклузија и координираност на сите релевантни страни и дефинирана мапа на активности за ефективно постигнување на целите, појасни Ангеловска-Бежоска.

Како што посочи, според последните расположливи податоци на Светската Банка, иако околу 77 проценти од возрасното население рапослага со трансакциска сметка, што е сосема споредливо со просекот за Европа и Централна Азија од околу 82 проценти, сепак, повеќе други показатели на индикатори за финансиска инклузија укажуваат на пречки за пристапот до финансии.

Анализите на ОЕЦД за регионот укажуваат оти поголеми финансиски познавања има токму населението со повисоко ниво на дигитална писменост.

-Имајќи ги предвид анализите за тоа кај кој дел од популацијата и јазот на финансиската писменост се најголем, со стратегијата поголемо внимание се посветува на младата популација, лицата со понизок доход, лицата со пониско образование и кај женската популација, појасни Ангеловска-Бежоска.

Таа посочи дека потенцијалот кај младите е голем и треба да се вложува во него, а внимание заслужува и женската популација, која во глобални рамки и кај нас, покажува пониско ниво на финансиски познавања.

-Во 2019 година женската популација постигнала 53 проценти од максималните бодови наспроти 59 кај мажите и наспроти просекот за жените во регионот од 57 проценти. Појдновна активност во оваа сфера е на анализата на псотојната регулатива и нејзино натамошно усогласување со европските директиви, пред се во делот на процедурите за поднесување и решавање по поплаки, алтернативните можности за решавање на евентуални спорови со потрошувачите вклучително и разгледување на можноста за воспоставуавње финансиски омбудсман, појаснува Ангеловска-Бежоска.

Според гувернерката, изработката и донесувањето на Првата национална стратегија е исклучително важен чекор кон остварувањето на овие цели, а нејзината претстојна имплементација несомнено ќе биде уште поважен чекор.

Фатмир Бесими, министер за финансии во денешното обраќање на промоцијата на Стратеријата истакна дека финансиската едукација и инклузија се основа за стабилноста на финансискиот систем, преку раст на едуцираноста на граѓаните за финансиите, зајакнување на заштитата на корисниците на финансиските услуги и зголемување на инклузијата на различни категории.

Ова, како што рече, ќе придонесе и кон зголемување на квалитетот и на кванитетот и перформансот на финансискиот сектор

Како што рече, во однос на самата Стратегија и план за имплементација ќе се преземат повеќе чекори, и од аспект на остварување на осум цели кои се поставени и 19 мерки кои се дефинирани во самата стратегија, како што е мапирање на сите субјекти што ќе преземат активности во оваа насока, обучување на обучувачи, зголемување на свеста на сите субјекти кои можат да се инволвираат во процесот како и изготвување на материјали и обуки за финансиска едукација.

Министерот додаде дека во делот на финансиска инклузија исто така се предвидени мерки насочени кон креирање на правна рамка за поголема вклученост и пристап до финансиите на различни категории, усогласување со ЕУ регулативата, следење светски трендови како и заштита на потрошувачите

-Со законско решение примена се очекува во следна година да се придонесе и либерализација на пазарот на платежни услуги, влез на нови даватели на платежни услуги, воведување на платежна сметка со сонвнит функции за секој граѓанин, со кој ќе се подигне степен на финансиска инклузија и унапредување на нефоромална економија, додаде Бесими.

Претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски, истакна дека забрзувањето на процесот на финансиската едукација и инклузија е особено битен доколку се има предвид ниското ниво на развиеност на осигурителниот пазар во сегментот на финансискиот систем.

 –Донесувањето на Стратегијата како формален документ ќе овозможи остварување на нашите заеднички цели, како што се обезбедување раст и развој на финансискиот пазар, широка распространетост и достапност на финансиските услуги до секоја индивудуа, семејство, мал или голем бизнис, државниот сектор и сето тоа, по фер цени, рече Шајноски.

Со Стратегијата, меѓу другото, се предвидува развивање посебни образовни програми за различни возрасни групи на населението, од најмлади до возрасни.

На промовирање на Стратегијата беше посочено дека образовните програми треба да бидат конципирани согласно со Основните компетенции за финансиска едукација, како посебен документ предвиден со Стратегијата, којшто е веќе во изработка.бт/лв/

Сподели!
- Advertisement -