Австрија одлучи да инвестира милијарда евра годишно до 2030 година за да го зголеми производството на струја од обновливи извори и целосно да ги исфрли од употреба фосилните горива.
Со ова ги поставуваат темелите за климатска неутралност, вели министераката за животна средина Леоноре Гевеслер пред парламентот, кој завчера го усвои законот за зелена транзиција.
Владејачката коалиција на конзервативната Австриска народна партија и Зелените сака значително да го зголеми производството на струја во фотонапонски системи и електрани на ветар затоа што хидроенергијата веќе е застапена во голема мера.
За да го надомести производството на фосилни горива и да ги задоволи потребите за енергија, производството на зелена електрична енергија мора да се зголеми за 27 терават-часови.
Владата смета дека усогласениот пакет инвестиции е првиот чекор кој треба да поттикне повеќе од 30 милијарди евра инвестиции во зелениот сектор и предвидува дека ќе поттикне отворање до 100.000 работни места.
Инвестициите ќе се финансираат со зголемување на годишните надомести за зелена електрична енергија која домаќинствата ја плаќаат од 100 на 115 евра. Домаќинствата со пониски примања ќе плаќаат 75 евра.
Законот го поддржаа сите партии, освен екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија, чиј портпарол за енергетика Алекс Кастегер во парламенрот прогнозираше дека Азвстрија на зима и понатраму ќе мора да увезува фосилни горива, дури и ако целосно ги реализира планираните инвестиции.
(SEEBiz.eu)
(фото: Wikimedia)