Pfizer бара дозвола за дополнителна трета доза од вакцината

- Advertisement -

Компанијата Pfizer ќе побара од американските регулатори идниот месец да одобрат и трета доза од нивната вакцина против КОВИД-19 поради голем ризик од реинфекција во рок од шест месеци и поради ширењето на делта, високоразната варијанта на вирусот.

Меѓутоа, Американската агенција за храна и лекови и Центарот за контрола и пренеција на болести во заедничкото соопштение објавија дека Американците кои се целосно вакцинирани не треба засега да се довакцинираат со трета доза. И некои научници се сомневаат во потребата за уште една доза.

- Advertisement -

Водителот на научниот оддел на Pfizer, Микаел Долстен, изјави дека причината за неодамнешниот пад на ефикасноста на вакцината во Израел е тоа што најголем дел од луѓето се вакцинирани во февруари или во март. Израелското Министерство за здравство истакна дека ефикасноста во спречувањето на инфекцијата, но и на симптоматското заболување паднала на 64% во јуни.

Вакцината на Pfizer е високо ефикасна против делта варијантата, утврди Долстен во интервју. Но, после шест месеци постои ризик од реинфекција затоа што оопаѓаат антителата, како што е и предвидено.

- Advertisement -

Агенцијата за храна и лекови и Центарот за контрола на болести во заедничко соопштение истакнаа дека спремни се да одобрат трета доза ако научниците покажат дека е потребно. Податоците на Рfizer од САД покажуваат дека ефикасноста на вакцината шест месеци после примањето паднала на 80%. Сепак, податоците од Израел и од Велика Британија покажуваат дека и со падот на бројот на антитела вакцината и понатаму останува ефикасна со 95% против потешките форми на болеста, велат од Pfizer.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -