Откога се одобрени вакцинира против болеста КОВИД-19 секој ден слушаме како вакцинирањето е единствено решение за излез од моменталната криза и дека со кацинацијата ќе се вратиме во толку посакуваната нормала. Иако се покажа дека вакцините не се толку ефикасни кај новите мутации на вирусот и веќе слушаме за потенцијални трети дози, изгледа дека една вакцина која не е наменета за новиот корона вирус може исто така да помогне.
Станува збор за вакцината за обичен грип. Иако досега постоеја претпоставки колку таа е ефикасна против корона вирусот, последното истражување спроведено на 75.000 луѓе покажа дека и таа вакцина може да биде ефикасна во спречувањето на развојот на потешки облици на САРС-КоВ-2, Но, изгледа дека сепак таа вакцина не влијае за значително намалување на смртноста.
Во истражувањето се споредувани податоци од луѓе кои биле заразени со корона вирусот, од кои половина примиле вакцина против грип, а другата половина не примиле таква вакцина, при што треба да напоменеме дека и двете групи биле соатавени од луѓе а слична возраст, со слична здравствена состојба и животни навики.
Научниците кои работеле на ситражувањето предупредуваат дека уште не можат да изведат некакви конкретни заклучоци, но налгасуваат дека кај луѓето кои примиле вакцина против грип е забележано значително намалување на мозочните удари, венските тромбози и сепсата, како и дека многу помал број од нив завршиле на итна помош и на интензивна нега. Конкретна причина поради кока вакцинираните против обичен грип поминале полесно во однос на другите не знаат, но нагласуваат дека таа вакцина може да помогне да се зајакне имунитетот на луѓето, односно општата одбрана на организмот на телото која не е насочена кон некој конкретен патоген.
(The Guardian)
(фото: Pixnio)