НАСА и SpaceX ќе разменуваат податоци за да избегнат судири на сателити

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА и компанијата SpaceX поптишаа договор за размена на податоци со цел спречување на судири на сателити. SpaceX веќе има повеќе од 1.000 сателити во склоп на интернет мрежата Starlink во орбитата, но тоа е само мал дел од целосната констелација која ја планира компанијата. Првично SpaceX побара дозвола за лансирање 12.000 сателити, но тој број може да се зголеми на дури 42.000 за неколку децении. Со оглед на тоа дека тие сателити може да се судрат со други објекти кои се во орбитата, НАСА и SpaceX ќе соработуваат за да не се случи тоа.

НАСА веќе работи со други компании кои вршат лансирање со стандардниот Conjunction Assessment процес, со кој се проценува ризикот од блиски и брзи средби меѓу предмети во вселената, меѓутоа со новиот договор двете страни се обврзаа дека во наредните години активно ќе ги спречуваат судирите.

- Advertisement -

Американската вселенска агенција вети дека SpaceX ќе добие пристап до информации за сите нивни мисии однапред, како и дека нема да ги преместува своите објекти во случај на можен судир. НАСА верува дека сателитите на Starlink би можеле да прават потези за избегнување. SpaceX, исто така, ќе ги користи информациите на НАСА за да ги програмира сателитите на Starlink да преземат автоматизирани маневри за избегнување. SpaceX мора и да се осигура дека минималната оддалеченост на од Starlink сателитите ќе биде 5 км под или над најниската точка на Меѓународната вселенска станица.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -