И јажето за скокање стана паметно

- Advertisement -

Во денешниот свет речиси не може да се најде ништо што не го носи називот паметно – од часовници, автомобили, накит, облека, патики, па се до станови, куќи и цели градови. Затоа ни најмалку не е чудно што сега имаме прилика да видиме и едно паметно јаже за скокање кое го дизајнираше компанијата Hyger.

Името на јажето е Hyrope. Доаѓа со апликација за паметен телефон за во реално време да можете да следите број на скокови, темпо, брзина и согорување калории. Покрај тоа, во апликацијата ќе пронајдете и личен тренер за скокање со вештачка интелигенција, кој ќе ви помогне да ги остварите своите цели – губење килограми.

- Advertisement -

Од Hygear велат дека Hyrope претставува мешавина од тренинг на сила и кардио преку скокање, што е еден од најефикасните начини на согорување калории за потрребите на слабеење. Нyrope е достапен во претпродажба на официјалната страница на компанијата по цена од 39 долари, а за истата цена добивате и една година бесплатна претплата за Hygear апликацијата.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Hygear)

Сподели!
- Advertisement -