Најмладиот патник со Џеф Безос на неговото прво вселенско патување има 18 години

- Advertisement -

На патот во вселената кој го организира компанијата на еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, најмладиот патник ќе биде 18-годишниот Холанѓанец Оливер Даемен. Компанијата Blue Origin, чиј сопственик е Безос, на Даемен ќе му овозможи да патува наместо човекот кој си обезбеди место на добротворната акција на која плати 28 милиони долари. Од Blue Origin не открија колку платил младиот Холанѓанец за патувањето.

Даемен во изјава за холандската телевизија RTL изјави дека е многу возбуден што ќе може да го види целиот свет одозгора. На првото патување во вселената ќе биде и братот на Безос, како и старицата Воли Фанк, која беше една од првите 13 жени-пилоти кои во 60-тите години ги поминаа обуките на НАСА, кои се истите кои ги поминаа и членовите на мисијата NASA Mercury 7. Токму таа ќе биде најстариот патник меѓу нив.

- Advertisement -

Според тоа што го велат од Blue Origin, Даемен поминал обука за пилоти една година откако завршил средно образование. Во септември годинава треба да почне да студира на Универзитетот Утрехт. Неговиот татко Јоес е основач и изврпен директор на компанијата Somerset Capital Partners. И двајцата веќе се во САД.

Извршниот директор на Blue Origin, Боб Смит, порача дека Оливер ја претставува младата генерација луѓе кои ќе им помогнат да го изградат патот до вселената. Исто така, соопшти дека човекот кој победил на добротворната аукција се предомислил поради несогласувања, но дека ќе биде на идното патување во вселената.

- Advertisement -

Се очекува дека после првото патување на Безос ќе биде објавена цената на билетите за другите патувања. Моментално најмладата личност која патувала во вселената е 25-годишниот астронаут Герман Титов.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -