Лажните вести се еден од најголемите проблеми на Facebook и на останатите социјални мрежи и комуникативни платформи, а често се шират преку затворени групи. Во таквите групи тешко може да се препознае кој пишува вистина, а кој шири лажни вести, па често невистинити содржини и лажни тврдења може да се прифатат како вистинити и така да се прошират на мрежата меѓу милиони луѓе.
Facebook користи бројни алатки со кои се обидува да го спречи ширењето лажни вести – од вештачка интелигенција до пријави на самите корисници, а неделава најавија и еден новите во своите групи кој исто така треба да влијае на намалување на ширењето дезинформации. Имено, ќе овозможи опција експерти во групи, односно луѓе кои треба добро да се разбираат од тематиката за која се дискутира во групите. Таквите луѓе би ги бирале администраторите на групите, а експертите треба да добијат ознака, односно виртуелен беџ кој ќе се прикажува во нивните објави и коментари.
Она што ќе го пишуваат експертите во групите ќе има одредена тежина и тие треба да станат луѓе од доверба за корисниците во групите. Од нив се очекува да одговараат на парашата кои ги поставуваат корисниците, но и на пример, да негираат лажни тврдења кои може да се шират во групите.
Во теорија, ова е одлична идеја која би требало да резултира со повеќе корисни информации во групите и намалување на ширењето дезинформации. Но, што ако тие експерти кои ги изберат администраторите не се вистински експерти и што ако наместо вистина, почнат да шират лажни информации? Од Facebook веруваат дека во тој случај ќе рагираат корисниците кои ќе ги пријават заради тоа, слично како што денес се пријавуваат лажните вести.
(The Verge)
(фото: )