Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на Одлуката од12.7.2021 година.
Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за 2,00 денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.7.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,299 ден/кг и сега ќе изнесува 38,018 ден/кг.
Од 20.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 61,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,018 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,717 %, дизелот за 0,886 %, екстра лесното масло за 1,285 % и кај мазутот зголемувањето е за 1,197 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,123%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.7.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 12.7.2021) се дадени во следната табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org.mk.