Хирурзи во Универзитетската болница Дјук успешно пресадеија целосно вештачко срце на 39-годишен маж на кој ненадејно му откажало срцето. За разлика од конвенционалните вештачки срца, ова срце ја имитира работата на човечкото срце и на човекот му овозможува целосна независност после операцијата.
Вештачкото срце го направи француската компанија CARMAT и се состои од две комори и четири биолошки валвули, кои овоможуваат срцето не само да личи на човечкото, туку и да функционира како вистинското.
Срцебиењето се создава со активаторска течност која пациентот ја носи во кеса надвор од телото и срцето ја пумпа со помош на микропумпи во зависност од потребата на пациентот која се утврдува со сензори и микропроцесори поставени на срцето. Вештачкото срце е поврзано со аортата, која е најголемата артерија во телото, како и со пулмонарната артерија која ја носи крвта до белите дробови, каде што се оксидира.
Пациентот на кој му било пресадено вештачкото срце е стабилен и под надзор во болницата. Срцето кое му е вградено ќе биде и понатаму поврзано со конзолата на болницата за да може да се следи неговата функција. Пациентот со себе понатаму ќе мора да носи кеса од 4 кг која содржи контролер и две батерии кои можат да работат по четири часа.
Уредот веќе е одобрен за употреба во Европа, но наменет е само за пациенти кај кои нема друго решение и кои мора да добијат трансплантација во нaредните 180 дена, велат од компанијата.
(Interesting Engineering)
(фото: Wikimedia)