Научници пронајдоа 30-ина нови вируси сокриени под лед стар илјадници години

- Advertisement -

Научници собраа вируси од парчиња лед од тибетски глечери стари речиси 15.000 години. Десетици видови вируси од тие кои беа откриени се непознати за науката, што ќе овозможи сосема нова перспектива за историјата на развојот на вирусите.

Глечерите се фантастични конзерватори на историјата затоа што можат да зачуваат и парчиња прав, траги од гасови, миркоби, па дури и растителни материи од различни временски периоди. Бидејќи слоевите лед се наталожуваат со години, научниците можат да го дупчат ледот и за откриваат нови податоци за климата во античките периоди, атмосфератa и видовите живот кои постоеле тогаш.

- Advertisement -

Во новата студија предводена од истражувачи од Државниот универзитет на Охајо ледот кој бил изваден од глечери на Тибетското плато стари 14.400 години биле анализирани за вирусите кои ги содржеле. Тимот идентификувал генерички кодови на 33 вируси, од кои четири припаѓаат на познати типови бактериофаги, но најмалку 28 од нив не припаѓаат на ниеден познат тип.

Тимот научници претпоставува дека тие вируси веројатно потекнуваат од растенија и од почвата, но не биле зачувани од студот, туку барем половина од нив изгледа како да можат да преживеат на мраз.

- Advertisement -

„Ова се вируси кои можеле да преживеат во екстремни временски услови. Тие вируси имаат гени кои им овозможуваат да инфицираат клетки во студени средини“ вели Метју Саливан, коавтор на студијата.

Контаминацијата на примероците лед со модерни микроби е сериозен проблем за ваквите типови студии, па затоа истражувачите развиле нов метод за стерилизација на мразот. Тие отстраниле полосина сантиметар од надворешните слоеви со различни техники и потоа стреилно го измиле ледот. Внатрешниот дел од ледот потоа можел да се истражува за остатоци од живот.

- Advertisement -

Истражувачите велат дека старите микроби ќе им помогнат да ја разберат историјата на нивната еволуција, како и да дознаат како тие ги преживеале промените на климата во минатото и како ќе го направат тоа во иднина.

Истражувањето е објавено во весникот Microbiome.

(New Atlas)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -