Во Холандија пронајдени пат и канал од времето на Римското Царство

- Advertisement -

Две сообраќајници од римскиот период, канал со ширина од 10 метри и поплочен пат, беа откриени минатата недела на истокот на Холандија, објавија денес холандски археолози. Тие древни сообраќајници, кои ги изградиле Римјаните пред 2.000 години, се пронајдени недалеку од Нијмеген, неколку километри од границата со Германија.

Нијмеген бил битен град. Каналот веројатно ги поврзувал Нијмеген и Рајна и служел за превоз на војници, градежни материјали и снабдување со продукти. Ерик Ноорд, водечкиот археолог на ископувањето, посебно бил изненаде со откритието на поплочен пат, што било многу ретко во тоа време, и тврди дека тоа на археолозите ќе им даде добар увид во патната мрежа пред 2.000 години.

- Advertisement -

Според него, површинскиот слој на патот е многу добро зачуван. Лимес германикус (што значи германска граница на латински), а претставува гранична линија на утврдување на Римското Царство од германските племиња, денеска се наоѓа на територијата на Германија и Холандија, а археолозите се надеваат дека и двете новооткриени римски сообраќајници ќе се најдат на листата на УНЕСКО со заштитено наследство.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -