Во Амстердам поставен првиот 3D принтан мост од нерѓосувачки челик

- Advertisement -

Мост за пешаци долг 12 метри беше поставен во Амстердам. Мостот е изработен преку процесот на 3D принтање, а е поставен во Областа на црвените фенери во Амстердам, пренесува „Dezeen“.

Именуван по компанијата која го изработи, „МX3D“ мостот беше изработен од технолошката компанија и Јорис Лаарман. За структурата на мостот биле употребени 4500 килограми нерѓосувачки челик кој бил 3D принтан од роботи за време од шест месеци, за потоа да биде инсталиран преку каналот.

- Advertisement -

Ваквата техника може да води до поодржливи структури, истакнал тимот.

„Индустријата се соочува со голем предизвик да стане јаглерод-неутрална до 2050 година. Преку паметно инженерство и волјата да допринесеме за промена како дизајнри и инженери, можеме да се осврнеме кон остварлива иновативност за да направиме промена во идната околина“, истакнал инженерот Стијн Јоостен.

- Advertisement -

Сепак, архитектот Филип Олдфилд пресметал дека нерѓосувачкиот челик искористен за структурата има 27.7 тони јаглерод.

Институтот „Алан Тјуринг“во структурата вградиле сензорска мрежа која дозволува мостот да собира податоци и да создаде „дигитален близнак“ за да се мери зачувуваноста и издржливоста.

- Advertisement -

„Дигиталниот близнак“ ќе ги надгледува корозијата, промените во оптоварувањето, условите на животната средина и употребата на пешаците за да се усоврши системот на податоци.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -