Кaлифорнија забрани употреба на моќни гејмерски компјутери

- Advertisement -

Гејмерите секогаш сакаат да имаат најмоќни компјутери за да можат да ги играат најновите видеоигри и да бидат во предност пред своите соперници. Но, што кога малку ќе претераат ? Токму тоа се случува во САД, каде што брендот за гејмeрски компјутери на Dell, Alienware, осмисли и пушти во продажба толку моќен гејмерски компјутер што е забранет во неколку американски сојузни држави.

Благодарение на новата одредба за максимална потрошувачка на електрична енергија од поединечни уреди, меѓу кои се и персоналните компјутери, Alienware Aurora Ryzen Edition R10 и R12 станаа илегална роба во Калифорнија и во уште неколку сојузни држави кои периодов се борат со суша и прекин на електрична енергија.

- Advertisement -

Овој производ не може да биде испорачан во Калифорнија, Колорадо, Орегон, Вермонт и во Вашингтон поради правилата врзани за потрошувачката на електрична енергија во тие држави, пишува на страниците на Dell со напомена дека нарачките за тие држави автоматски ќе бидат откажани.

Имено, според податоците на Dell, Aurora R12 може да биде опремен со напојување од 1.000 вати, што значи дека може да троши енергија како централна клима за цела куќа.

- Advertisement -

(The Register)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -