Apple ќе претстави софтвер дизајниран да ја намали употребата на паметни уреди

- Advertisement -

Конференцијата Worldwide Developers Conference на Apple, која ќе почне за неколку дена во Сан Хозе, Калифорнија и ќе трае до 8 јуни, ќе донесе повеќе новини, но најверојатно нема да видиме нови верзии на хардвер, кои ќе бидат оставени за подоцна годинава.

На оваа јунска конференција главниот фокус ќе биде ставен вештачката интелигенција, новиот оперативен систем, кој веројатно ќе го носи името iOS 12 и на дигиталното здравје. Производителот на iPhone ќе објави нова верзија на нивната платформа за засилена реалност ARKit 2.0 и ќе го најави стартот на новата иницијатива Digital Health, пишува DailyMail

- Advertisement -

Како дел од надградбата на платформата за засилена реалност Apple веројатно ќе им овозможи на корисниците да играат игри во засилена реалнсот едни против други во симулирана околина. ARKit 2.0 ќе биде како еден вид најава за новиот сет за засилена реалност на Apple, кој експертите прогнозираат дека ќе биде готов до 2020 година.

Што се однесува на новата иницијатива на Apple, Digital Health, тоа ќе биде најбитниот момент на конференцијата. Иницијативата има за цел да го реши проблемот со зависноста од употреба на iPhone. Новите алатки ќе им овозможат на корисниците да следат колку време поминуваат на нивните уреди, како и  на некои конкретни апликации. Опциите на Digital Health ќе бидат вградени во новиот оперативен систем iOS 12. 

- Advertisement -

Ова е значителен и контрадикторен чекор за Аpple, компанија која постојано бара нови начини за нејзините корисници да бидат конектирани едни со други и со своите уреди.

Сподели!
- Advertisement -