Израел ќе понуди трета доза Фајзер на луѓе над 60 години

- Advertisement -

 Израел ќе почне да нуди трета доза од вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирусот на луѓе постари од 60 години, соопштија денеска израелското јавно радио Кан и телевизијата Канал 13.

Генералниот директор на Министерството за здравство, Хези Леви потсети дека организаторите и здравствените работници спроведоа успешна кампања за вакцинација за време на пандемијата и дека можат да понудат трета, засилувачка доЦелта на давање на третата доза е населението да се одбрани од Делта мутацијата, а вакцините ќе бидат понудени од недела.

- Advertisement -

Израел беше светски лидер во спроведувањето на вакцинацијата, при што многу постари лица ги добија своите дози во декември, јануари и февруари, бидејќи се сметаа за најранливиот сектор на населението.

Извор – Канал 5

Сподели!
- Advertisement -