Ова е првиот циркус во светот кој користи холограми наместо вистински животни

- Advertisement -

Изгледа како зоолошките градини во светот да ги менуваат концептите на кои се базираат. Во многу делови од светот зоолошките се места каде што животните се ставени во кафези и се заборавени, злоупотребувани, мачени итн .

Циркусите, пак, се уште полоши и полошо ги третираат животните, но некои циркуси прават радикални промени за да го спречат малтретирањето на животните и се вртат кон технологијата.

- Advertisement -

Еден циркус во Германија им овозможува на посетителите да уживаат во изведбите и триковите на животните без да малтретира ниедно животно.

- Advertisement -

Циркусот се вика Circus Roncalli и е првиот во светот кој животните ги замени со реалистични холограми. Анимациите се направени на компјутер и се проектираат во реална големина на спектакуларен начин.

- Advertisement -

Слонови, диви коњи,  мајмуни, па дури и риби трчаат, пливаат и прават акробации на сцена. Циркусот постои со децении, но неодамна решиле да ги заменат животните со 11 проектори, ласери и леќи стратешки поставени да понудат вистинско шоу без учество на ниедно животно.

Сподели!
- Advertisement -