Масовно топење на Гренланд – за еден ден се стопи лед со површина колку државата Флорида

- Advertisement -

Огромна количина лед на Грендланд почна забрзано да се топи како резултат на климатските промени на нашата планета. Количината лед која се стопи за еден ден е доволна да ја покрие цела Флорида, наведуваат експертите.

Податоците на данските власти покажуваат дека ледената покривка изгубила 8,5 милијарди тони од површинската маса лед само во вторникот минатата недела, а два дена подоцна биле изгубени уште 8,4 милијарди тони лед.

- Advertisement -

Ледот што се топи на Гренланд тече како вода во океан, каде што се зголемува глобалното ниво на морињата и океаните предизвикани од климатските промени, кои пак се резултат на човечкото несовесно однесување.

„Тоа е многу високо ниво на топење и веројатно ќе го смени изгледот на Гренланд, затоа што тоа ќе биде двигател за забрзнао понатамошно топење, а со самото тоа и нагли пораст на нивоата на морињата“ изјави Мако Тедеско, експерт за глечери на Универзитетот Колумбија и научник во НАСА.

- Advertisement -

Брзото и нагло топење на Гренланд настана поради топлиот воздух заробен над арктичкиот остров поради атмосферската циркулација, а како што наведуваат научнциите, Гренланд би можел да изгуби уште лед.

„Само на 28 јули 2021 година се истопија околу 22 гигатони лед, од кои 12 истекоа во океан, а 10 се апсорбираа во снежната маса, каде што повторно може да замрзнат“ изјави Хавиер Фатвајз, научник за поларна клима на универзитет во Белгија.

- Advertisement -

Групата Polar portal, која е збир на дански истражувачи, топењето на ледто го опиша како масовно топење. Проценките на научниците се дека топењето на ледената покривка на Гренланд, која е втора по големина на Земјата после Антарктикот, предизвикало околу 25% од глобалниот пораст на нивоата на морињата во последните неколку децении.

Арктикот се загрева побрзо од остатокот од планетата поради фактори како што е снемувањето лед во Арктикчкиот Океан. Минатата среда температурата на воздухот над Гренланд била загрижувачка, соопшти ЕУ, и на местото Констабл Пинт на истокот на островот изнесувала 23,2 степени Целзиусови. Сезоната на топење на ледот на Гренланд вообичаено трае од јуни до август.

(Bizlife)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -