Leica го лансира својот прв паметен телефон

- Advertisement -

Легендарниот производител на фотоапарати Leica го лансираше својот прв паметен телефон под името Leitz 1, кој го носи името во чест на Ернст Лајц, кој го смени светот на фотографијата во 1924 година со изумот на модерната фотографија со филм од 35 мм.

Во мај годинава Sharp Sharp го најави излегувањето на паметниот телефон Aquos R6, а Leica сега го ребрендираше и го препакуваше тој уред во својот прв паметен телефон Leitz Phone 1. Телефонот има 8-јадрен Snapdragon 888 процесор со 5G и Wi-Fi 6, 12 GB RAM, 256 GB за складирање и 6,6-инчен OLED екран со резолуција од 1.260 x 2.730 пиксели.

- Advertisement -

Главната камера има импресивен 1-инчен 20,2 MP сензор и f/1.9 бленда,, електронска стабилизација на сликата и low light ToF автофокус со дигитален зум од 6X. Селфи камерата од предната страна има сензор од 12,6 MP, бленда f/2.3 и видно поле од 78 степени.

Дизајнот на телефонот го направи дизајнерското студио на Leicа во Германија со минималистичка тестетика која содржи алуминиумско кучиште од елоксирано сребро, рабови со отвори и Corning Gorilla стакло. Компанијата додаде и widget со избор на фотографии од меѓународната галерија на Leica.

- Advertisement -

Leitz Phone 1 засега ќе се продава само на јапонскиот пазар по цена од 1.700 долари.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -