Загадувањето на воздухот се враќа на нивото пред корона вирусот

- Advertisement -

Минатиот месец медиумите низ целиот свет пишуваа за тоа дека како нуспроизвод на пандемијата на корона вирусот се исчисти воздухот во, но изгледа дека како што светот полека се враќа во нормала загадувањето на воздухот се враќа на нивото пред КОВИД-19. Тоа го потврдуваат од Кина и од неколку европски земји.

Концентрацијата на ситни честички и азот диоксид во воздухот се врати на нивото од пред една година, покажуваат податоците на Центарот за истражување енергија и воздух во Кина. На почетокот на март, кога Кина беше најпогодена од пандемијата, концентрацијата на честичките се намали за 34 %, а концентрацијата на азот диоксид за 38 %.

- Advertisement -

„Брзото враќање на нивоата на загадување и потрошувачката на јаглен во Кина се предвесник за тоа како ќе изгледа повторното враќање на индустријата во погон, велат аналитичарите и додаваат дека индустриите кои се најголеми загадувачи побрзо закрепнуваат од кризата отколку остатокот од економијата, но битно е да се стави приоритет на чистата енергија.

Вухан, местото од каде што почна ширењето на смртоносниот корона вирус, се уште има пониски нивоа на азот диоксид во воздухот – 14 % пониски од минатата година. Сепак, во Шангај нивото на азот диоксид се покачи за 9 % во однос на 2019 година, а аналитичари очекуваат дека во втората половина од годината потрошувачката на нафта во Кина ќе се врати на нормалното ниво.

- Advertisement -

Во европските градови се уште има помало загадување на воздухот од вообичаено. Коперникус мониторингот на атмосферата покажува дека 42 од 50 европски градови во март имале пониско ниво на азот диоксид од вообичаеното. Овој отровен гас, кој главно го произведуваат дизел возилата, се намалил за 30 % во Париз и во Лондон во текот на пандемијата.

Колку брзо и во која мера ќе се врати загадувањето на воздухот во европските градови зависи од одлуките на граѓаните, на компаниите и на владите.

- Advertisement -

(Inhabitat)

фото: Freepik

Сподели!
- Advertisement -