Вискито не е првата асоцијација која ќе ви падне на памет кога зборувате за возење, но една компанија користи отпадоци од процесот на дестилирање виски за да тој алкохолен пијалак го претвори во одржлива моќ за својата флота камиони, пишува Reuters.
Шкотскиот производител на виски Glenfiddich, кој продава над 14 милиони шишиња виски годишно, почна да ги модифицира своите камиони за достава да возат на биогориво со ниска емисија во форма на гас, кое е направено од нуспроизводи при дестилацијата на виски.
Од Glenfiddich велат дека направиле станици за полнење во дестилеријата во Дафттаун во североисточна Шкотска, кои се специјално дизајнирани да го претвораат отпадот од производството виски во карбонско гориво со ултраниска емисија на јаглерод диоксид (Ultra-Low Carbon Fuel – ULCF).
Дестилеријата тврди дека биогасот ја намалува емисијата на C02 од камионите за 95%, а емисијата на другите штетни честички со ефект на стаклена градина за дури 99% во споредба со камионите на дизел. Во Glenfiddich веруваат дека секој од нивните камиони на биогас ќе помогне да се заштеда 250 тони јаглерод диоксид годишно. Камио ните кои ги користи дестилеријата се модифицирани верзии на италијанскиот производител на камиони Iveco, Stralis NP.
(Interesting Engineering)
(фото: Wikimedia)