Google, Facebook: Без вакцина, нема влегување во канцеларија

- Advertisement -

Две од најголемите компании во Силиконската долина им наложија на вработените да примат вакцини против Ковид-19 пред да се вратат во работните простории. Сите вработени во интернет-гигантите Google и Facebook добија известување дека мора да се вакцинираат против коронавирус.

Google бара вработените да бидат вакцинирани пред да се појават во канцелариите на компанијата во САД во следните неколку недели, а во други земји во наредните месеци, според допис од извршниот директор на Alphabet и Google, Синдар Пичаи.

- Advertisement -

„Вакцинирањето е еден од најважните начини да го зачуваме нашето здравје и здравјето на тие околу нас во наредните месеци“, напиша Пичаи во е-поштата до вработените во компанијата.

Facebook, исто така, соопшти дека им наложува вакцинација на сите што доаѓаат во неговите објекти.

- Advertisement -

„Како што ќе се отвораат нашите канцеларии, ние ќе бараме секој што доаѓа да работи во кој било од нашите простории во САД да биде вакциниран “, наведе Лори Голер, потпретседателка на Facebook, во соопштение во четвртокот.

Компанијата ќе ја спроведува политиката врз база на „локални услови и прописи“, додаде таа, и ќе има постапка за луѓе кои не можат да се вакцинираат од медицински или други причини.

- Advertisement -

Mногу други компании и општински власти бараат вработените да се вакцинираат (или да вршат редовно тестирање за Ковид) пред да им биде дозволено да дојдат на работа.

(Denar.mk)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -