Во Париз се гради првата зграда направена со тули од марихуана

- Advertisement -

Париското студио Lemoal Lemoal користи тули направени од марихуана за да го изгради спортскиот центар Pierre Chevet во Франција, за кој студиото вели дека ќе биде првата зграда за јавна употреба во земјата направена од биоматеријал.

Спортскиот центар Pierre Chevet со површина од 380 квадратни метри се наоѓа во градот Кроаси-Бобург во близина на Париз. Lemoal Lemoal ја користи зградата како шанса да експериментира со употребата на марихуаната како градежен материјал.

- Advertisement -

Спортскиот центар се состои од сала за вежбање и пресоблекувални. Ѕидовите на центарот се направени од тули од марихуана кои ги направи производителот на цемент Vicat. Тулите се направени со комбинирање на лимета и марихуана, односно внатрешниот дрвенест дел на стеблото на марихуаната.

Надворешниот дел на зградата е бел, а панели од бетон ги штитат тулите од марихуана. Внатрешноста на зградата е претежно направена од дрво. Комбинацијата на дрво и тули од марихуана овозможува максимален простор за спортување и големи отвори на фасадите кон јавниот простор околу.

- Advertisement -

Марихуаната има повеќе корисни квалитети како што е високата термална заштита и акустиката. Панелите од марихуана се отпорни на пожар и го исполнуваат стандардот REI, што значи дека нема да почнат да горат 30 минути. Употребата на марихуаната како градежен материјал овозможува да се намали дебелината на ѕидовите и да не се додаваат други слоеви на ѕидови, со што се добива на простор.

Голема е побарувачката за марихуана како градежен материјал поради своите перформанси и фактот дека е биоматеријал кој помага да се намали количината јаглерод диоксид кој се складира во еден градежен проект. Новите закони во Франција, пак, се залагаат за поголема употреба на биоматеријали, поради што врвните архитекти експериментираат со марихуната.

- Advertisement -

(Dezeen)

(фото: Lemoal Lemoal)

Сподели!
- Advertisement -