Во Европската унија има 35 милиони жители со најниски примања кои не можат да си дозволат да одат на летен одмор, покажа истражувањето на Европската конфередација на синдикати. Иако последните децении се повеќе луѓе можат да си дозволат да одат на одмор, сепак има голем број семејства со многу ниски примања. Вкупно во ЕУ 28% од жителите не можат да си дозволат еднонеделен одмор, додека тој процент е 59,5% кај луѓето кои се на границата на прагот на сиромаштијата. .
Најлоша е ситуацијата во Грција, каде што 88,9% од луѓето кои се во ризик од сиромаштија не можат да си дозволат одмор, а потоа следуваат Романија (86,8%), Хрватска (84,7%), Кипар (79,2%) и Словачка (76,1%). Италија има најголем број луѓе во таа категорија – дури 7 милиони, а потоа следуваат Шпанија (4,7), Германија (4,3m), Франција (3,6m) и Полска (3,1m).
Многу Европејци чии примања се под 60% од просечната плата се невработени или пензионирани, но во таа група има и милиони нсико платени работници, особено такви кои примаат уставна минимална плата. Поради таквите ниски плати работниците се во ризик од достигнување на прагот на сиромаштијата во дури 16 земји на ЕУ, велат од Европската комисија.
Најголем јаз меѓу луѓето кои можат да си дозволат и тие што не можат да си дозволат одмор има во Хрватска, Грција, Бгарија, Чешка, Франција и во Романија. Најголемо продлабочување на јазот е забележано во Романија, Словачка, Хрватска, Литванија и во Унгарија.
Од Конфедерацијата ја посочуваат нееднаквоста во поглед на пристапот до летен одмор како дел од нивните напори да ги зајакнат европските директиви за минимални плати, кои ќе бидат на разгледување во Европскиот парламент после летото. Конфедерацијата работи заедно со пратениците за да воведе т.н. „праг на пристојност“ со кој ќе се загарантира минимална плата не пониска од 60% од просечната плата, што ќе резултира со покачени плати за дури 24 милиони луѓе.
(European Trade Union Confederation)
(фото: Pixabay)