Првиот 3Д печатен мост во светот без никаква метална потпора беше откриен во Венеција. Мостот е демонстрација на нов метод на 3Д печатење кој како резултат дава структура на која не и е потребен ни бетон ни челик за да биде цврст.
Мостот е направен во соработка со Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих (ETH Zurich) и компанијата Zaha Hadid Architects Computation and Design Group. Структурата е направена со 3Д печатени бетонски блокови користејќи нов тип на „бетонско мастило“ кое го произведува компанијата Holcim.
„Овој прецизен метод на 3Д печатење со бетон ни овозможува да печатиме со комбинирање на принципите на традиционално конструирање и дигиталното производствона бетон со цел да може да се користат материјали само каде што е структурно потребно без да се создава многу отпад“ вели Филип Блок, истражувач од Швајцарскиот федерален институт за технологија.
Шаџеј Бушан од Zaha Hadid Architects вели дека проектот е збир од стари архитектонски техники и модерни компјутерски дизајни. Целата структура, која се вика Striatus, се одржува во целина преку компресија, без никакво засилување.
„Striatus стои на рамената на џинови. Мостот оживува стари техники, земајќи ја структурната логика од 1600-тите години и ја носи во иднината со дигитални компјутерски техники, инженеринг и роботски технологии за производство“ вели Бушан.
Структурата може лесно да се расклопи и да се постави на друга локација, а моментално се наоѓа во градините Маринареса како дел од биеналето Venice Architecture Biennale. Мостот ќе стои таму до ноември годинава.
(New Atlas)
(фото: Striatus Bridge)