Џеф Безос повеќе не е најбогатиот човек во светот

- Advertisement -

Џеф Безос падна од тронот како најбогат човек во светот. После пријавувањето на деловните резултати за вториот квартал, акциите на Amazon паднаа за 7,6%, па Безос како најголем акционер во компанијата изгуби 13,9 милијарди долари.

Сега на тронот најбогат човек на свето повторно се искачи францускиот тајкун Бернар Арно. И покрај тоа што акциите на конгломератот на Арно, LVMH, паднаа за 1,4%, најбогатиот Европеец е посиромашен за „само“ 2,9 милијарди долари, па неделава ја затвори со богатство од 192,9 милијарди долари.

- Advertisement -

Арно и Безос во мај и јуни годинава се менуваа неколкупати на првото место, но основачот на речиси два месеци беше на тронот без промена. Французинот во текот на пандемијата го зголеми своето богатство за над 100 милијарди долари, но неговиот конгломерат годинава, посебно од почетокот на летото, стагнира.

Арно поседува 47% од акциите во компанијата која обединува брендови како Louis Vuitton, Moët & Chandon, Christian Dior, Tiffany & Co. Иако акциите на Amazon изгбија на вредност, компанијата не забележа лоши резултати, само не толку добри како што очекуваа акционерите. Американскиот гигант пријави приходи од 113 милијарид долари, што е 27% повеќе од лани истиот период, како и 7,8 милијарди чист профит. Меѓутоа, Amazon предвидува дека приходите во третиот квартал ќе бидат од 106 до 112 милијарди долари, што е под очекуваните 119 милијарди долари.

- Advertisement -

(RTS)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -