Капачето за шише CrazyCap ги чисти шишињата за вода со помош на ултравиолетова светлина

- Advertisement -

Знаете ли што се случува со шишињата за вода кои ќе ги оставите неизмиени и повторно ќе ги наполните со вода? Тие стануваат совршен инкубатор за штетни бактерии кои предизвикуваат и лоша миризба. Тие бактерии се размножуваат на секои 30 минути. Замислете колку ќе ги има по само еден ден!

Но, доколку ги третирате со напредна технологија за ултравиолетова светлина, односно светлосни зраци со бранова должина од 200 до 280 нанометри. Третирањето со светлосните зраци е многу брзо и светлина убива дури 9 милиони штетни бактерии за само две минути. На овој начин ќе се елиминираат 99,9999% од штетните бактерии и мувлата, како и 99,99% од вирусите.

- Advertisement -

На капачето има сензор на допир за активирање, индикатор за статусот на стерилизација и на батеријата, контакт сензор кој ја деактивира ултравиолетовата светлина кога капачето не е поставено на некое шише и ЛЕД светилка со ултравиолетови зраци од 10 mW.

Со двапати едноподруго допирање на сензорот за активирање се активира нормалниот начин на работа, со кој за 60 секунди се чисти водата од чешма, од фонтани, ресторани итн. Со пет пати допирање, пак, се активира „лудиот“ начин на работа, со кој за две минути се чисти водата од езера, бари и други извори на вода со сомнителен квалитет. Автоматското чистење се активира шест пати во денот на интервали од 20 секунди.

- Advertisement -

Моментално е во тек кампања на Kickstarter, a минималниот влог е 38 долари за едно шише. Досега имаат собрано речиси двојно повеќе од првичната цел 19.865 долари, а остануваат уште девет дена до крајот на кампањата. Се очекува доставата на шишињата да почне во март годинава.

 

Сподели!
- Advertisement -