Марсотресите кои ги забележа роботската сонда на НАСА, InSight, им помогнаа на научниците да ја откријат анатомијата на Марс и сега имаат повеќе сознанија за големината на јадрото со течен метал, за дебелината на кората и другите слоеви а Црвената планета.
Тие откритија доведоа до подобро разбирање на внатрешната структура на Марс и до неколку изненадувачки сознанија. Меѓу другото, потврдено е дека јадрото на планетата е течно.
Сондата InSight, која се спушти на површината на Марс во 2018 година, забележа повеќе од 700 марсотреси со умерена јачина. Сеизмичките бранови се разликуваат по брзината и обликот додека поминуваат низ различни слоеви и материјали во планетата, па инструментите на InSight можеа да снимат пресек на внатрешноста на Марс.
По прв пат имаме сознанија за големината на темелните структурни елементи на Марс, изјави Брус Банерд, геофизичар на НАСА и водител на мисијата InSight. Тој додаде дека откриле дека размерот на јадрото на Марс е околу 3.660 км, што значи дека е планетата е поголема и има поголема густина отколку што се мислеше. Јадрото се состои главно од железо и никел, а полесните елементи како сулфур, водород и јаглерод заземаат неочекуван голем дел.
Кората на Марс е доста различна од таа на Земјата. Кората на нашата планета е поделена на плочи кои може да се движат преку внатрешниот слој, а на некои места како под океаните кората постојано се обновува. На Марс, пак, нема активна тектоника на плочите и таму не се случува ништо слично. Тоа значи дека кората на Марс е многу стара, изјави сеизмологот Брижит Напмејер-Ендрун од германскиот Универзитет на Келн.
Октриено е и дека просечната глобална дебелина на кората е од 24 до 72 ким. Слојот сместен меѓу кората и јадрото се протега на околу 1.560 км под површината. Неговиот состав е поинаков од тој на Земјата и двете планети пред повеќе од 4,5 милијарди години настанале од различен материјал.
Дијаметарот на Марс е околу 6.791 км, а на Земјата околу 12.755 км. Новите откритија ќе овозможат тестирање на теоријата за формирање на планетата, заклучи Банерд.
(Dnevnik.hr)
(фото: YouTube)