До 2040 година во океаните ќе има трипати повеќе пластика отколку сега

- Advertisement -

ОН вчера почнаа преговори за глобален договор чија цел е да се реши прашањето со епидемијата на пластичниот отпад, а експертите сметаат дека тоа е историски момент за планетата и најбитниот мултилатерален пакт од Парискиот климатски договор во 2015 година.

Собранието на ОН за околината UNEA, кое денес завршува во Најроби, е спремно да ја усвои резолуцијата за основање на меѓувладин одбор за преговори и динализиација на правно обврзувачкиот договор до 2024 година.

- Advertisement -

Се предвидува дека до 2040 година количината пластичен отпад кој ќе се најде во океаните ќе се згокеми трикратно, а на владите ќе се врши притисок да се обединат и да го усвојат глобалниот договор.

Според извори блиски до преговорите, земјите-членки на ОН, вклучувајќи ги и големите производители на пластика како САД и Кина, одобрија рамка за глобалниот договор за стопирање на загадувањето со пластика и за формирање меѓувладин преговарачки одбор кој ќе се фокусира на конечниот договор.

- Advertisement -

Одговорните лица велат дека рамката за глобалниот договор на преговарачите им дава широк и силен мандат за разгледување на новите правила за стопирање на загадувањето од нејзиното настанување како суровина преку производството до безбедното складирање. Тоа може да вклучува и ограничување на производството на нова пластика од нафта и гас, иако деталите ќе бидат договорени во текот на пореговорите.

ОН предупредуваат дека стапката на производство на пластика расте побрзо отколку кој било друг материјал и се предвидува дека ќе се дуплира во наредните дваесет години. Помалку од 10% од пластиката се рециклира, а најголем дел завршува на депонии или во океаните. Според некои проценки, секоја минута од морињата и океаните се вади цел камион пластичен отпад.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -