Истражувачи од Техничкиот универзитет во Дрезден заедно со есперти од архитектонската компанија Henn ја прават првата зграда во светoт направена со бетон со карбонкси влакна. Тимот кој стои зад проектот ќе користи нов метод на зајакнување на структурата на зградата си карбонски влакна наместо со челични шипки. Проектот е дел од инцијативата на германското Федерално министерство за образование.
Зградата, која се вика The Cube, моментално се гради на кампусот на Универзитетот. Од Henn велат дека бетонот со карбонски влакна е 4 пати поцврст матерјал отколку бетонот, а е четири пати полесен. Новиот метод овозможува изградба на исти структури со користење помалку бетон.
Користењето на тој иновативен материјал може да ја намали емисијата на СO2 во градежната индустрија за 50%. Бетонот кој ќе се користи за изградба на The Cube ќе биде зајакнат со карбонски влакна, кои се добиваат со екстракција на речиси сосема чисти кристали јаглн со процес на термална декомпозиција познат како пиролиза. Потоа карбонските влакна се плетат во мрежа која се става под бетонот. Поради овој нов метод сите нови структури ќе може да бидат потенки.
(Interesting Engineering)
(фото: YouTube)