Американската војска ќе може да ги предвидува потезите на непријателите

- Advertisement -

Американската војска сака да искористи вештачка интелигенција и технолгија за предвидување на иднината за да стекне предност во судирите и војните, и тоа на прилично интересен начин.

Имено, сака да ги предвидува потезите на непријателите дури неколку дена пред да ги направат и така навреме да носи битни стратешки одлуки кои ќе им донесат предност на боиштата, ќе им помогнат во победата, но и за намалување на жртвите. Таква технологија веќе се тестира во склоп на иницијативата Global Information Dominance Experiment (GIDE), а досегашните резултати се прилично ветувачки.

- Advertisement -

GIDE е базирана на бројни податоци кои се достапни во реално време преку разни сензори, радари, сајбер податоци и слично и во нивната анализа користи вештачка интелигенција. Иако сите тие податоци уште сега се познати, вели генералот Глен Ван Херк, тие не се навреме анализирани и процесирани и потребно е многу време додека од нив се извлечат потребните заклучоци. Со користење на технологија тоа може да се смени, па војската во своите акции би можела да биде еден чекор пред непријателот и како што рече Ван Херк, наместо реактивна, ќе стане проактивна.

Значи, наместо да реагираат на некои напади, тие би можеле да преземаат мерки како навреме да распоредат трупи на вистинско место, да ја онеспособат воената технологија, сателитите итн, со кои би се спречиле напади и пред да се случат.

- Advertisement -

Американската војска неодамна направи симулација на преземање витни толки како Панамскиот канал и во текот на симулацијата на собирање податоци од различни војни, но и цивилни сензори распоредени ширум планетата беа користени AI модели кои препознаа различни настани, како, на пример, подморница која е спремна да го напушти пристаништето и да тргне во борба.

Алгоритмите кои се користат може да го следат и да го анализираат просечниот број на автомобили на паркинзите на непријателски терен, бројот на авиони на пистите, движењето на лансирните рампи за проектили и во случај на некои промени може да ја предупреди војската. Значи, како што напомена Ван Херк, вештачката интелигенција нема сам да го активира оружјето, туку сите одлуки за нападите ќе ги носат луѓето, односно одговорните луѓе во војската.

- Advertisement -

(ZDNet)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -