Компанијата Moderna почнува тестирања на луѓе на својата експериментална mRNA вакцина за ХИВ. Тестирањата веројатно ќе почнат неделава. Со други зборови, тоа значи дека на хоризонтот можеби се назира крајот на една од најопасните болести во последните 100 години.
Според достапните информации, во првата фаза од тестирањата Moderna ќе вклучи 56 здрави поединци на возраст од 18 до 50 години. Првата фаза има за цел да ја процени безбедноста на вакцината, како и да го следи развојот на имунолошкиот одговор на човечкото тело.
Функционално е слична на вакцината за КОВИД-19, а е резултат на години истражувања на потенцијалите на mRNA вакцините, при што Moderna и Pfizer се првите компании во светот кои направија такви вакцини за луѓе. Нивните вакцини се покажаа генерално успешни во ублажувањето на сериозноста на инфекциите со КОВИД-19.
Moderna ќе тестира две различни верзии на својата нова вакцина, наречени mRNA-1644 или mRNA-1644v2-Corе. Ова е првата mRNA вакцина наменета за вирусот ХИВ која стигна до фазата клинички тестирања на луѓе. Четири групи ќе усшетвуваат во тестирањата, од кои две групи ќе добијат мешавина од свете верзии, а другите две групи ќе ја добијат другата варијанта. Притоа, секој што ќе учествува во тестирањето ќе знае точно каква вакцина примил.
Кога вакцините ќе ја поминат првата фаза, фазите 2 и 3 ќе се фокусираат на анализа на ефективноста на вакцините во превенцијата на ХИВ инфекцијата кај пошироката популација. Овие вакцини имаат многу добри шанси да бидат успешни затоа што се работи за mRNA вакцини.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)