Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 % во однос на Одлуката од16.8.2021 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денар/литар.

- Advertisement -

Намалување од 0,50 денар/литар има кај малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Малопродажната цена наМазутот М-1 НС се намалува за 0,751денар/килограм и сега ќе изнесува 35,930 ден/кг.

- Advertisement -

Од 24.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           70,50   (денари/литар)

- Advertisement -

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            72,00   (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      61,50   (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             61,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      35,930  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување:  бензинот за 3,794%, дизелот за 2,287%, екстра лесното масло за 2,886% и кај мазутот намалувањето е за 2,781%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,043% .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.8.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 16.8.2021) се дадени во табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org.mk.

Сподели!
- Advertisement -