Илон Маск и неговиот Starlink наскоро мое да добијат уште еден конкурент, барем што се однесува на услугите во северните делови од планетата. Имено, британската компанија OneWeb досега во орбитата испрати вкупно 288 сателити, со коишто сака да направи констелација за вселенски интернет.
Последната пратка од 34 сателити беше лансирана минатата недела од космодромот Баинконур, а треба да се смести на висина од 1.200 км над Земјата во речиси поларната орбита. Но, како што истакнуваат од Arianespaceu, OneWeb уште не завршиле со испраќањето сателити. Во план им е да испратат вкупно 650 сателити во ниската орбита на Земјата, кои би овозможиле вселенски интернет во деловите од светот каде што пристапот до оптички интернет е речиси неизводлив.
Кога ќе биде комплетирана, констелацијата сателити на OneWeb ќе обезбедува услуги 3G, LTE, 5G и WiFi интернет, обезбедувајќи пристап во воздух, на море и на копно, објаснуваат од Arianespace.
Ако се оди според планот, првите корисници на интернетот на OneWeb треба да бидат активни на крајот на годинава, и тоа во северните делови на Европа, Канада, Алјаска, Гренланд и Исланд. Потоа во план е да ја шират покриеноста со интернет во целиот свет.
За постетување, SpaceX веќе лансираше 1.700 сателити за својата мрежа Starlink и почна со ограничено нудење услуги за корисниците. И Amazon планира да лансира своја констелација од дури 3.000 сателити во рамките на проектот Kuiper, но засега тој проект уште е во зачеток.
Ако сите тие компании успеат да ги реализираат своите планови, ќе настане вистинска гужва над Земјата.
(Space)
(фото: One Web)