Уште една земја ја забранува популарната апликација TikTok

- Advertisement -

Откако оваа мрежа на службените уреди ја забрани САД, но и цела низа европски земји, сега им се приклучи уште една. Холандските државни службеници наскоро веќе нема да смеат да ја користат кинеската апликација TikTok на своите службени мобилни телефони, објави вчера холандското Министерство за внатрешни работи, после сличните одлуки во повеќе европски земји.

Холандското Министерство изјави дека ги обесхрабрува користењето на апликации од земји со агресивна сајбер програма насочена кон Холансија или кон холандските интереси на владините телефони.

- Advertisement -

Холандската разузанавачка служба AIVD минатиот месец ги наведе Кина, Русија, Иран и Северна Кореја како земји кои имаат таква агресивна сајбер програма, што создава ризик за шпионска активност.

Белгија неодамна го забрани TikTok, апликација која е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, на телефоните и компјутерите на вработените во федералната влада.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -