Научници создадоа минијатурни роботи кои можат да носат лекови до кој било дел од телото

- Advertisement -

Научниците постојано развиваат нови начини за дистрибуција на лековите што попрецизно до болниот дел од телото, а притоа што помалку да ги оштетуваат околните здрави ткива. Така, научници сега развија минијатурни роботи кои можат да патуваат низ телото и да доставуваат лекови точно таму каде што е најпотребно.

Студијата објавена во списанието Frontiers in Robotics and AI ја покажа ефикасноста на овие роботи, особено во доставувањето на лекови до тешко достапни места.

- Advertisement -

Станува збор за многу рани и експериментални резултати, но сметаме дека покажавме оти малите, меки микророботи во капсули имаат потенцијал за контролирана локална примена кај невролошките болести“ вели проф. Дејвид Капелери од Универзитетот Пердју.

Овие минијатурни доставувачи на лекови како идеја постојат уште од 1966 година во филмот „Фантастично патување“, каде што тим од доктори беше намален и вбризган во крвотокот на пациент за да направат зафат на мозокот одвнатре.

- Advertisement -

За разлика од нив, MANiAC (magnetically aligned nanorods in alginate capsules) минироботите немаат на нив „човечки екипаж“, туку магнети ги водат до целта. Така малите роботи може да се движат низ крвотокот, но и да поминат низ рбетниот мозок за да го достават лекот на вистинското место. Тому затоа што може да се движат низ рбетниот мозок може да се најдобар избор за лекување на болестите на централниот нервен систем, кои инаку се комплицирани за лечење.

Земањето лекови во форма на таблети или интравенозно може да влијае на делови од телото и на нервниот систем кои не се зафатени од болеста. Таргетираната примена на лекови може да доведе до поголема ефикасност и да ги намали нуспојавите. Истражувачите направиле различни типови микро или милироботи кои може да ја вршат таа задача, велат од Weinberg Medical Physics, компанијата која е партнер во студијата.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -