Cyclo е кацига направена од рециклирана пластика од океаните

- Advertisement -

Cyclo е уникатна кацига направена од пластика извадена од океаните. Може да ја собере во вашиот ранец или чанта и нема да и наштети на животната средина. Со купување на една кацига спречувате нови 20 пластични шишиња да завршат во океан. Кацигата е изработена во согласност со европските и канадските стандарди за безбедност. Една големина одговара за сите, а тежи само 440 грама.

Тимот составен од инженери кои порано работеле во Aston Martin и во Boeing ја развил и ја тестирал Cyclo додека не се осигурала максимална заштита и безбедност. Традиционалната кацига за мотор или велосипед е направена од EPS пена, која во случај на удар енергијата од ударот ја пренесува на главата. Тоа значи дека иако носите обична кацига, шансите за повреда на главата се многу големи.

- Advertisement -

Посебната структура на Cyclo која е имитација на саќето од пчелите е 68% поефективна во контрола на последиците од ударот. Тоа значи дека многу помалку енергија се пренесува врз главата, а Cyclo е многу поефективна кацига во заштитата отколку обичните. Друг проблем со обичните кациги е што не ги собира во ранец или чанта. Cyclo е дизајнирана да биде компактна и се склопува до помала форма за да можете да ја носите во ранец заедно со лаптопот и другите работи кои ви се потребни.

Секоја година најмалку 8 милиони тони пластика завршуваат во океаните и морињата. Токму затоа оваа кацига е направена од пластичниот отпад кој е собран од плажите и од океаните. Секоја кацига содржи 20 пластични шишиња, кои инаку би и наштетувале на планетата.

- Advertisement -

Cyclo е првата кацига во светот направена од рециклирана пластика од океаните, а можете да ја добиете со донација од најмалку 49 евра за нивната кампања на Indiegogo, која трае уште 10 дена.

Сподели!
- Advertisement -