Производителот број еден на паметни телефони одлучи да го укине името „Mi“ и компанијата верува дека тоа нема многу да влијае на нивната сегашна ситуација.
Тие сакаат да создадат подобра шема за имиња и да ги одделат паметните телефони од останатата понуда, бидејќи компанијата е активна и расте и во други сегменти.
Кога го објавија новиот модел на телефонот „Mix 4“, тие веќе тајно објавија дека името „Mi“ нема да биде дел од следната серија, но ретко кој се сомневаше дека целосно ќе го отстранат брендот „Mi“.
Што се однесува до името, „Xiaomi“, „Redmi“ и „Pocophone“ ќе останат, а сега прашањето е што ќе претстави компанијата на 15-ти септември (14:00 часот).
Се зборува за серијата „Xiaomi 11T“, новите уреди на „Redmi“ и уште некои …
Едно е сигурно – брендот за телефони „Mi“ повеќе нема да постои и „Xiaomi“ сега ќе мора да го смени логото што неодамна беше редизајнирано. По 10 години, откако беше претставен „Xiaomi Mi 1“, „Mi“ ќе оди на нови страници во историјата.
Како што е наведено, „Mi“ ќе биде името на компанијата, додека отсега „Xiaomi“ ќе биде серија телефони.
(Denar.mk)
(фото: Wikimedia)