Благодарение на топењето на мразот научници случајно открија нов остров

- Advertisement -

Научници минатиот месец открија нов мал остров во близина на Гренланд, за кој велат дека е најсеверната копнена точка во светот, а беше откриен после поместувањето на сантите мраз.

Островот беше откриен во период која арктичките нации – САД, Русија, Канада , Данска и Норвешка – водат битка за контрола над Северниот пол оддалечен околу 700 км на север, како и за околното морско тло, за правата на рибoлов и поморските патишта кои настанаа со топењето на глечерите како последица на климатските промени.

- Advertisement -

Како што велат научниците, не им била намерата да откријат нов остров туку отишле таму да земаат примероци. Отпрвин мислеле дека стигнале на Ооодак, остров кој во 1978 година го откри дански истражувачки тим. Дури подоцна откако ја провериле точната локација сфатиле дека дошле на друг остров кој се наоѓа на 780 метри северозападно.

Малиот остров има дијаметар од околу 30 метри, а највисокиот врв му изнесува околу 3 метри. Се состои од кал од морското дно, како и од морена, односно материјал наталожен директно од глечерите кои постојано се движат.

- Advertisement -

За новооткриениот остров го предложиле името Кекертак Аванарлек (Qeqertaq Avannarleq), што на гренландски значи „најсеверен остров“.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -