Германски доктор: Напролет ќе има крај на пандемијата

- Advertisement -

Претседателот на Здружението на германски лекари, Андреас Гасен, изјави дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши напролет.

„Поаѓам од фактот дека во пролетта 2022 година ќе има крај на коронавирусот“, изјави тој за германскиот дневен весник „Рајниче пост“ и додаде дека верува оти тогаш животот повторно ќе се нормализира.

- Advertisement -

Тоа мислење, вели Гасен, го застапуваат и познати научници.

Тој објаснува дека неговата прогноза се потпира на фактот дека стапката на вакцинација ќе се зголеми, а бројот на излекувани лица со антитела ќе биде поголем.

- Advertisement -

„Оние што не се вакцинирани во наредните месеци ќе бидат заразени од коронавирусот“, рече Гасен.

Во моментот надежите на политичарите за постигнување имунитет на стадо во Германија делумно се намалуваат со фактот дека значајна возрасна група (до 12-годишна возраст) во моментот не може да се вакцинира.

- Advertisement -

До 2022 година, како и да е, генералниот секретар на германската интердисциплинарна Асоцијација за интензивна нега и итна медицина (ДИВИ), Флоријан Хофман, очекува вакцините да бидат достапни и за малите деца.

(Denar.mk)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -