Ново истражување: играњето голф е поздраво отколку пешачењето

- Advertisement -

Играњето голф може да биде исто добро, па дури и подобро за здравјето отколку нордиското пешачење за постарите луѓе, покажа една нова студија. Нордиското пешачење вклучува специфична техника која ја користи силата од горниот дел на телото и стапови за одење за да се добие енергична вежба од самото одење.

Но, новата студија објавена во списанието BMJ Open Sport & Exercise Medicine откри дека поверојатно е дека една партија голф има поголеми бенефити по здравјето. Научници од Универзитетот на Источна Финска анализирале податоци за 16 мажи и 9 жени кои биле голфери, здрави и на возраст од 65 години и постари од тоа.

- Advertisement -

Тие следеле три аеробни вежби – партија голф со 18 дупки, 6 км нордиско пешачење и 6 км пешачење – и ги мереле ефектите на нивниот притисок, глукозата во крвта и маснотиите во крвта. За да го направат тоа земале примероци од крвта и го мереле крвниот притисок, додека учесниците во студијата носеле уреди за фитнес тренинг поради мерење на оддалеченоста, траењето и темпото. учесниците носеле и ЕКГ сензор за работата на срцето.

Резултатите покажале дека сите три вида аеробни вежби го подобруваат здравјето на кардиоваскуларниот систем кај постарите луѓе, вклучувајќи и снижување на крвниот притисок. Меѓутоа, студијата покажала и дека голфот има најголем ефект врз липидите (маснотиите) во крвта и метаболизмот на глукозата, што го одржува стабилно нивото на шеќер во крвта.

- Advertisement -

И покрај интензитетот на вежбањето голф, изгледа дека подолгото траење и трошењето повеќе енергија имаат позитивно влијание врз липидните профили и метаболизмот на глукозата отколку нордиското пешачење и обичното пешачење, велат научниците.

Овие аеробни вежби се препорачуваат за луѓе на постара возраст како телесна активност која ќе го подобри здравјето и ќе превенира кардиоваскуларни заболувања.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -