Guinness конечно ја лансира својата безалкохолна верзија

- Advertisement -

Најпознатиот бренд на темно пиво во светот Guinness конечно ќе ја лансира својата безалкохолна верзија.

“Guinness 0.0” беше накратко лансирано минатата година на пазарот во Обединетото Кралство, меѓутоа веднаш беше повлечено поради откривањето на некаква „микробиолошка контаминација“.

- Advertisement -

Сега, по преземањето на дополнителни мерки за безбедност и квалитет, Guinness 0.0 конечно ќе се најде на полиците во маркетите.

Според компанијата, безалкохолниот рецепт бил развиван дури 4 години и го задржува „вкусот и карактерот“ на класичното Гинис, со својот препознатлив изглед на „темна, рубин црвена течност и кремаста глава“, односно вкус со „индиции на чоколадо и кафе, рамномерно избалансирани со горчливи, слатки и печени ноти“.

- Advertisement -

Во суштина, се работи за истото пиво, но филтрирано низ специјален процес за извлекување на алкохолот.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -