GR-1 Anvil – првата електромагнетна пушка во слободна продажба во светот

- Advertisement -

Американската компанија Arcflash Labs почна да прима преднарачки за својата електромагнетна пушка GR-1 Anvil, која се продава по цена од 3.375 долари. Компанијата нагласува дека ова не е рачно оружје со моќ на огнено оружје, туку станува збор за пушка која по моќноста може да се спореди со воздушните пушки затоа што проектилите ги испалува со сила од 85 џули, што дупло помалку од пушките со калибар 22 (5,6 мм).

Она по што е напредна во однос на малокалибарските пушки на барут е во тоа што може да испалува 20 куршуми во минута со полна снага или 100 куршуми со половина снага. Како е развиена и како пука можете да видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

GR-1 е т.н. Гаусова пушка затоа што проектилите се движат низ цевката околу која се замотани навои. Затоа за GR-1 Anvil е исправно да се рече дека е „coilgun”. Но, без оглед на тоа може да се каже дека пушката е убиствена за мали животни и не треба да се потценува забрзувањето на проектили од 60 метри во секунда, а иако ако ве погоди нема да ве убие, може да ве повреди сериозно.

Покрај тоа, ова е прв пат електромагнтно оружје да се најде во слободна продажба. Од Arcflash Labs велат дека за пушката е заинтересирана полицијата, која би сакала да ја опреми со гумени куршуми и да ја користи за сузбивање на насилни протести, а интерес покажаа и експерти кои се занимаваат со заштита на животни, кои проектилите би ги опремиле со средство за успивање и вби ги користеле за преселување на диви животни на безбедни локации.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Arcflash Labs)

Сподели!
- Advertisement -