Загревањето на Арктикот е одговорно за се поекстремните временски услови во светот

- Advertisement -

Нова американска студија укажува на тоа дека се поекстремните временски услови во некои делови од САД се поврзани со забрзаното загревање на Арктикот. Имено, научниците установија дека загревањето во тој регион го пореметува кружното движење на ветровите познато како поларен вртлог, што овозможува поладните зимски услови да се спуштат во пониски делови од САД, особено за време на студениот бран кој во февруари годинава го зафати Тексас.

Авторите на студијата сметаат дека загревањето на Аркткот ќе резултира со уште поладни зими во некои региони. Во изминатите 40-ина години сателитските снимки покажаа дека глобалното зголемување на температурите има големо влијание на Арктикот.

- Advertisement -

Загревањето на тој регион е далеку поизразено отколку во остатокот од светот и предизвика забрзано намалување на арктичкиот летен морски мраз. Научниците веќе долго време се загрижени поради влијанието на ваквите глобални промени врз остатокот од планетата.

Новат студија покажув дека загревањето на Арктикот значително влијае на времето во текот на зимата во Северна Америка и во источна Азија.

- Advertisement -

„Сметаме дека топењето на мразот на северозападот од Евроазија заедно со се поголемите снежни покривки во Сибир резултираат со зголемување на температурните разлики од запад кон исток на евроазискиот континент. Познато ни е дека кога ќе се зголеми температурната разлика, доаѓа до големо пореметување на поларниот вртлог, а кога разликите се помали имаме поекстремни зимски услови, како што бешестудениот бран во Тексас во февруари““ појаснува главниот автор на студијата, д-р Џуда Коен од МИТ.

Авторите на студијата велат дека нивната работа може да помогне поуспешно да се предвидува почетокот на екстремно ладните зими.

- Advertisement -

„Една од предностите на студијата е дека ако препознаеме што се може да претходни на временските прилики и ако знаеме што влијае на нив, можеме да добиеме време за предвидување и да дејствуваме навреме“ додава Коен.

Студијата е објавена во списанието Science.

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -