Шведска ги редуцира корона мерките откако 70% од населението се вакцинираше

- Advertisement -

Шведска до крајот на месецот ќе ги укине речиси сите преостанати коронамерки и ограничувања на јавни места, објави денеска владата.

Во услови кога најголем дел од возрасното население е вакцинирано, Шведска постепено ги олеснуваше мерките во текот на летото. Иако бројот на заразени е повторно во пораст во изминатиот период, што се должи на попреносливиот делта сој, смртноста од ковид-19 остана многу ниска.

- Advertisement -

Шведскиот пристап кон пандемијата доста се разликуваше од остатокот на светот, откако земјата одби да воведе строг карантин и силно се потпираше врз доброволни препораки за социјално дистанцирање и одржување хигиена. Сепак, јавните собири и местата како ресторани и барови оперираа со ограничен број луѓе, што целосно ќе биде укинато на 29 септември, исто како и препораката да се работи од дома.

„Важната порака што ја испраќаме е дека правиме дополнителни чекори кон враќањето во нормален живот“, изјави министерката за здравство Лена Халенгрен.

- Advertisement -

Повеќе од 70% од Швеѓаните над 16 години се целосно вакцинирани, а 81,6% од лицата над 18 години примиле барем една доза.

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -