Стартапот Climeworks со седиште во Цирих ја отвори својата фабрика Orca, која треба да го чисти јаглерод диоксидот директно од воздухот. Проектот беше реализиран во Исланд, а почна со работа вчера.
Како што изјави извршниот директор на стартапот, Јан Вурцбахер, веќе почнале со работа на фабрика која треба да биде 10 пати поголема од оваа и ќе биде готова за неколку години.
Orca ќе собира околу 4.000 тони CO2 годишно и ќе ги складира под земја. Тоа е само мал дел од загадувањето што е прогнозирано дека ќе се испушти во воздухот годинава – 33 милијарди тони гас, но е добар показател за капацитетите на таа нова технологија.
„Ова е прв пат на комерцијално ниво да се екстрахира CO2 директно од воздухот и да се комбинира со складирање под земја“ вели Вурцбахер.
Гасот кој ќе го собере Orca ќе биде најскапиот во светот – еден тон СО2 ќе се продава по цена од друи 1.000 евра, а еден од нивните купувачи е и основачот на Microsoft, Бил Гејтс.
Вурбахер вели дека комерцијалната побарувачка е толку висока што фабриката однапред ја имна продадено речиси целата количина загадување што ќе ја собере во наредните 12 години. Меѓу купувачите на Orca се и Swiss Re, кој неодамна склучи договор за купување на јаглерод диоксид во вредност од 10 милиони долари, како и Audi и Shopify.
(Financial Times)
(фото: Climeworks)