Moderna вчера објави дека развива единствена вакцина која комбинира доза против КОВИД-19 и екпериментална вакцина за грип. Компанијата се надева дека евентуално ќе може да ги додаде и вакцините за респираторен синцијален вирус и за други респираторни болести како годишна вакцина.
„Веруваме дека пред нас стои огромна шанса ако на пазарот успееме да пласираме високоефикасен панреспираторен бустер. Веруваме и дека Moderna може да биде првата компанија која ќе ја искористи таа шанса“ изјави извршниот директор на Moderna, Стефан Бансел.
Компанијата прави клинички тестирања на вакцина за респираторен синцијален вирус кај постари возрасни лица. Производителот на лекови веќе развива неколку кандидати за вакцини за грип.
Новата вакцина која ја најавија треба да биде комбинација од експериментална вакцина за грип која е стигната најдалеку во развојот и нивната вакцина за КОВИД-19.
(CNBC)
(фото: Flickr)