Во Израел почна производство на вештачки „одгледано“ месо

- Advertisement -

Израелскиот стартап Future Meat Technologies почна со производство на вештачки одгледано месо. Фабриката за производство на вештачки одгледано месо на индустриско ниво почна во Израел, а дневно може да рпоизведе 5.000 хамбургери.

Месото од животни е дел од човечката исхрана од праисториско време, а 80% од населливото земјиште и 30% од ресурсите на вода се користат за одгледување на животни за месо. Производството на месо на овој начин не е ефикасно затоа што бројот на жители се зголемува и станува неоджрливо да се одгледуваат животни.

- Advertisement -

Напредокот на науката сега овозможува одгледување на месо во биореактори, а тоа месо има вкус на животинското иако во неговото производство се користи многу мал дел од ресурсите потребни за сточарството.

Компанијата Future Meat Technologies е еден од многуте стартапи кои користат биореактори за одгледување на месо наменето за консумација. Новата фабрика може секојдневно да произведе 500 кг месо, што е доволно за околу 5.000 хамбурдери. Оваа компанија може да произведе и пилешко месо, а наскоро ќе почне производството на јагнешко и говедско месо. Од компанијата тврдат дека нивниот производен циклус е најмалку 20 пати побрз од традиционалната агрикултура.

- Advertisement -

Future Meat Technologies користи животински клетки кои постојано растат, а се користат специјални методи за одгледување без потреба од каков било материјал од животинско потекло. Исто така, се користи и уникатен процес на подмладување со кој се отстранува клеточниот отпад со користење на 50% помалку медиуми и мешање во растот на клетките. Ова го зголеми капацитетот за производство за 10 пати во однос на моменталниот индустриски стандард, а истовремено се намалени и трошоците за производство.

Од компанијата тврдат дека нејзините методи користат 99% помалку земјиште и 96% помалку вода, а емисијата на стакленички гасови е помала за 80% во однос на животинската агрикултура.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -